Баерн Минхен нема намера повеќе да се откажува од Јосип Станишиќ, и да го праќа на позајмици, туку ќе го задржи за себе и сериозно ќе смета на него во иднина, откако денеска Хрватот доби нов договор со клубот од Минхен.
Станишиќ беше стандарден во хрватскиот тим на ЕВРО 2024 година, а по негова елиминација го дочека нов договор во клубот.
Во минатата сезона Станишиќ замина на позајмица во Баер Леверкузен, и беше еден од најзаслужните за првата историска титула на „фармацевтите“. Тоа беше една голема грешка на Баерн кој речиси цела сезона мака мачеше со десен бек, па сега нема да ја повтори истата грешка.
Станишиќ потпиша договор со „Баварците“ до 2029 година.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА