Хрватот кој постигна 21 гол во Ла Лига достапен за само осум милиони евра: Кој го сака, нека дојде и плати

Анте Будимир, 33-годишниот хрватски интернационалец имаше извонредна сезона во шпанското првенство постигнувајќи 21 гол на 38 одиграни натпревари за Осасуна па го примами интересот на европските гиганти.

Со оглед на пребогатото искуство и животната форма, како и неговата вредност на трансфер маркетот, повеќе клубови се заинтесирани за негов ангажман. Осасуна нема намера да преговара за неговите услуги па од клубот јасно порачаа: Неговата откупна клаузула изнесува осум милиони евра па кој сака да стигне до неговиот трансфер нека дојде и нека ја плати.

„Кој ги сака нашите играчи, нека дојде и нека ја плати клаузулата. Нашите клучни играчи имаат и ќе имаат понуди, а клубот е одлучен: Кој и да сака да замине, мора да ја плати обесштетата“, изјави спортскиот директор Брауло Васкез.

Будимир во текот на кариерата настапуваше за повеќе клубови од Хрватска, Германија, Италија и Шпанија. Во Осасуна е од 2021 година забележуваќи 180 натпревари.

Се вчитува...