Хрватот Матачиќ е најново засилување за Куманово

Ракометниот суперлигаш Куманово продолжува да ги засилува своите редови за вториот дел од сезоната, во кој кумановци ги очекува битка за опстанок во елитното друштво.

Бековската линија на Куманово од денеска е посилна за Лука Матачиќ, 23-годишниот хрватски ракометар кој потпиша договор со овој македонски клуб. Матачиќ доаѓа од редовите на МХАК Мартин од Словачка, а претходно во татковината ги има брането боите на Гаково и на Рудар.

Кумановци претходно договорија и три бразилски засилувања, потпишувајќи договори со десниот бек Гилјерме Да Силва Фернандеш, левиот бек Џанкарло Фелипе Хен и  пивотот Жоао Виктор Соареш Флорес.

Се вчитува...