По преголемиот број на пристигнувања на „Стемфорд Бриџ“ следат и заминувања во летниот преоден рок, а еден од оние кои е пред излезните врати на лондонскиот клуб е Матео Ковачиќ. Минутажата на Хрватот опадна во ерата на Грем Потер па нема да биде изненадување доколку по пет години ги промени клупските бои.
За хрватскиот репрезентативец постои интерес од повеќе европски гиганти, а последен кој се заинтересира за неговите услуги е Пеп Гвардиола. Шпанскиот стратег е миленик на играта на Ковачиќ и сака да го види во дресот на Манчестер Сити.
„Граѓаните“ целат кон засилување во средниот ред, интерес постои и за Џуд Белингам и Алексис мек Алистер, но во Хрватот се гледа како поефтина, а далеку поискусна опција. Трансфермаркт го проценува Ковачиќ на 40 милиони евра, но неговиот договор со Челси истекува на крајот на следната сезона па „сините“ нема да имаат предност во преговорите доколку сакаат да заработат.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

