Јурај Сегариќ е ново име во редовите на Гостивар, со што раководството на новиот прволигаш продолжува со екипирање во пресрет на првата прозивка под водство на Марјан Србиновски.
Станува збор за хрватски кошаркар кој настапува на бековската позиција, а кој денеска потпиша едногодишен договор со гостиварци. Тој ја почна ланската сезона во бугарскиот прволигаш Берое, по што кратко време мина во хрватскиот прволигаш Јазине, за сезоната да ја финишира во словенечкиот состав Хелиос, каде на 13 средби во шампионатот на Словенија имаше просек од 5,6 поени, 3,1 асистенција и 2,2 скокови по натпревар.
Сегариќ беше дел од младинската репрезентација на Хрватска на Европското Првенство што се одржа во 2013 година. Тој во својата кариера има настапувано и за Широки бријег, Шибеник, Задар и Загреб.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА