Хрватскиот скијач Филип Зубчиќ е победник на втората велеслаломска трка во сезоната во алпско скијање. Тој до втората победа во кариерата стигна со вкупно време од 2:15.06 минути, што беше за само 12 стоти делови од секундата подобро од второпласираниот Словенец, Жан Крањец.
Подиумот го надополни Марко Одермат од Швајцарија кој доцнеше 30 стотинки зад времето на победникот. Утре во Санта Катерина на програмата е уште еден велеслалом.
Дамите денеска во швајцарскиот Сент Мориц исто така требаш да возат велеслалом, но поради лошото време тој беше откажан.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА