Хрватска ќе биде сериозно ослабена за утрешниот меч за третото место на СП во Катар, откако двајца стандардни првотимци отпаднаа од комбинација за настап против Мароко.
Десниот бек Јурановиќ повреден го одигра цело второ полувреме од полуфиналето со Аргентина, што дополнително ја влоши состојбата со мускулот на ногата на фудбалерот на Селтик. Дефанзивецот сега ќе мора целосно да мирува во наредните две седмици, па утрешниот меч со Мароканците ќе го проследи од клупата за резерви.
Истото ќе го стори и Марсело Брозовиќ, откако асот на Интер се пожали на болка во ногата, а деталните прегледи утврдија повреда на мускулот. Далиќ не сака да ризикува да дојде до посериозна повреда, па Брозовиќ нема да настапи против Мароко, а неговото место во тимот се очекува да му припадне на Ловро Мајер.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА