Иван Ракитиќ повторно нема да му биде на располагање на Златко Далиќ откако асот на Барселона отпадна од комбинација за клучниот натпревар на Хрватска, на домашен терен против Словачка. Одличниот фудбалер за врска ја обновил незгодната повреда на тетивата, ќе мора целосно да мирува во следните седум дена.
„Искрено ми е жал, едвај чекав да играм против Словачка, тешко ми е што нема да можам да помогнам. Сепак, убеден сум дека момците ќе победат и без мене, впрочем и без моја помош триумфираа на првиот меч во Словачка“ – изјави Ракитиќ.
Селекторот Далиќ се соочува со огромни проблеми и со составувањето на одбранбената линија, со оглед на фактот дека стандардните Ловрен и Вида поради суспензии нема да можат да настапат против Словачка.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА