Хрватска без важен играч на клучниот меч на „Вембли“

Хрватска со победата над Шпанија си ги задржа шансите за првото место во групата од Лигата на Нации, но „коцкестите“ за искачување на врвот ќе мора да слават во последното коло, на гостински терен на „Вембли“ против Англија. Селекторот Далиќ се соочува со огромен проблем во пресрет на таа средба откако еден од клучните хрватски фудбалери, откако Иван Ракитиќ отпадна од комбинација и веќе се врати во својот клуб Барселона.

Одличниот играч за врска се повреди за време на мечот со Шпанија, па иако самиот истакнуваше дека не станува збор за ништо сериозно „коцкестите“ сепак не сакаат да ризикуваат.

„Сакаме само здрави и спремни играчи, затоа ризикот со Ракитиќ е преголем. Тој се враќа назад во Барселона за да се рехабилитира што поскоро, а ние имаме други опции“ – истакна Далиќ.

При излегувањето од игра на Ракитиќ против Шпанија на негово место влезе Никола Влашиќ, кој сега е фаворит за да биде стартер и на „Вембли“.

Се вчитува...