Хрватска до прва победа на СП, Бразил ремизирашe со Тунис

Репрезентацијата на Хрватска стигна до првиот триумф на Светското првенство во Египет, откако во второто коло славеше над Ангола со 28-20. Хрватите повторно очајно го отворија натпреварот и во првото полувреме се мачеа против аутсајдерот, заминувајќи на пауза со минимална предност од 12-11.

Сепак, во вториот дел избраниците на Лино Червар заигра далеку подобро и на крајот стигнаа и до рутински триумф од 28-20. Чупиќ со шест гола беше прво име во таборот на Хрватска, додека кај Ангола Фереира постигна четири.

Репрезентацијата на Бразил стигна и до второто реми на шампионатот откако денеска одигра нерешено со Тунис 32-32, додека Аргентина потешко од очекуваното успеа да го совлада аутсајдерот Бахраин со 24-21.

Се вчитува...