Хрватска доби остра казна од ФИФА за навивачко дивеење

Дисциплинската комисија на ФИФА ја казни хрватската фудбалска федерација со 48.500 швајцарски франки поради инцидентите на навивачите на натпреварите против Чешка и Гибралтар во квалификациите за Светското првенство.

Хрватската федерација мора да плати 41 илјади швајцарски франки за дивеењето на навивачите кои фрлаа предмети и палеа факели на гостувањето во Прага.

И дополнителни 7.500 илјади франки за непримерното навивање на натпреварот против Гибралтар кој беше одигран во Вараждин.

Се вчитува...