Хрватска добива уште еден супермодерен стадион (ФОТО)

Хрватскиот фудбал наскоро ќе биде збогатен со уште еден супермодерен стадион откако фудбалскиот клуб Риека најави изградба на нов мултифункционален стадион во соработка со градската власт чија вредност ќе изнесува 100 милиони евра.

Истиот ќе се наоѓа на постоечкото место на стадионот „Кантрида“ каде Риека забележа големи успеси во минатото и истиот ќе има капацитет од 12 илјади места, а во склоп на истиот ќе бидат и хотел кој може да прими околку 200 луѓе, и три облакодери од по 35 катови со висина од 116 метри.

Се вчитува...