Хрватска доживеа шок од Швајцарија и го заврши настапот на ЕП

Хрватската ракометна репрезентација е едно од најголемите разочарувања на Европското првенство откако го заврши настапот со само еден освоен бод во три натпревари. Вечерва „кралиците на шокот“ овој пат негативно ја шокираа својата нација откако изненадувачки загубија од домаќинот Швајцарија со 22-26.

Швајцарките во текот на целиот меч беа подобар противник, а Хрватките освен неколку пати што доаѓаа на минус три во ниту еден момент не успеаја посериозно да го загрозат противникот. Шмид и Бауман со по шест гола беа први имиња кај победникот, додека кај поразените Баришиќ и Биртиќ постигнаа по пет гола.

Црна Гора без поголеми проблеми стигна и до третата победа откако славеше над Чешка со 28-21, додека Германија беше сигурна против Исланд (30-19).

Се вчитува...