„Хрватска е лесен противник за Јапонија“

Хрватска и Јапонија денеска од 16 часот во Катар ќе се борат за место во четвртфиналето на Светското првенство. „Коцкестите“ досега два пати се имаат најдено меѓу најдобрите осум репрезетнации во светот, додека Јапонците денеска целат кон испишување на историја со најдобар пласман на Мундијалите.

Поранешниот јапонски репрезетнативец Машахиро Фукуда верува дека неговите сонародници денеска ќе стигнат до четвртфиналето бидејќи како што вели Хрватска е лесен противник за Јапонија.

„Хрватска е лесен противник за Јапонија. Во оваа ситуација доколку ги согледаме Јапонија и Хрватска, Јапонија е во замав. А, и секогаш е полесно да играте против екипа која на листата е подобра од вас. Јапонија игра подобро против тие репрезентации. Хрватска не блеска, но има цврста одбрана која прими само еден гол на турнирот, а и ги користи шансите. Но, шанси имаме и ние“, вели Фукуда.

Се вчитува...