Хрватска славеше над Португалија со 2-1 во последниот пријателски натпревар во пресрет Европското првенство кое ќе се одржи во Германија притоа забележувајќи ја и првата победа во историјата над Португалците.
Натпреварот го коментираше и ѕвездата на Манчестер Сити, Рубен Дијаз. На прашање дали поразот од Хрватите го загрижува за настапот на Европското првенство тој одговори со голема пофалба кон поранешната југословенска држава.
„Не ме загрижува. Поради тоа и го сакавме овој предизвик. Хрватска е најдобрата репрезентација против која игравме во новата ера и токму со вакви натпревари можеме да дознаеме дали може да се носиме во стресните моменти.
Ова е големо искуство, а резултатот можеше да биде и друг. Пеналот беше спорен, но и покрај тоа тие создаваа добри шанси. Доминиравме во второто полувреме, но Хрватска погоди кога ние бевме подобри. Никој не сака да губи и не сме задоволни од резултатот.
Добро е да не спушти некој на земја и да сфатиме дека колку и да имаме талент и индивидуални квалитети потребно е подобро да функционираме како тим и да го разбираме секој сегмент од играта. Имаме многу простор за раст“, изјави Дијаз.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

