Ракометната репрезентација на Хрватска добива нов селектор – Исланѓанецот Дагур Сигурдсон, кој утре треба официјално да биде претставен од страна на Хрватскиот ракометен сојуз.
Сигурдсон ќе има задача Хрватска да ја однесе на ЛОИ 2024. „Коцкестите“ ќе играат на квалификациски турнир во Хановер, а противници ќе и бидат Германија, Австрија и Алжир. Два тима обезбедуваат учество во Париз.
Сигурдсон во 2016 година беше најдобар тренер на светот, а ги водеше токму Германија и Австрија. Последните години беше на клупата на Јапонија кои веќе ги одведе на ЛОИ.
По Европското првенство 2024, Хрватска го смени Горан Перковац, а Сигурдсон сега ќе биде прв странец на клупата на репрезентацијата во историјата.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА