Хрватска и Мароко 45. минути ги делат од осминафинале

Хрватска и Мароко се на добар пат да се пласираат во осминафиналето на Светското првенство во Катар откако на полувреме од последните натпревари од групата „Ф“ имаа позитивен скор.

Мрежите мируваат на натпреварот помеѓу Хрватска и Белгија, но реми ги води „коцкестите“ во следната фаза. Двете репрезентации ни останаа должи за акции за голови во првите 45. минути во кои на Хрватска и оправдано поништен пенал откако во стартот на акцијата имаше офсајд.

За ралика од овој дуел, Мароко успеа да ја наполни мрежата на Канада. Мароканците имаат предност од 2-1 против Канаѓаните благодарение на головите на Зијеш и Ен Нестри во 4. и 23. минута, а за истата да биде само еден гол на полувремето се „погрижи“ Агуерд кој во 40. минута го совлада сопствениот голман.

Се вчитува...