Младиот фудбалер Петар Сучиќ ќе добие повик хрватската репрезентација. Сучиќ го привлече вниманието на хрватскиот фудбалски поради добрите игри во Динамо Загреб, па од федерацијата решија да го поканат во репрезентацијата.
Момчето родено во Ливно има 24 настапи за јуниорските селекции на Босна и Херцеговина, а бидејќи никогаш не играл за сениорската репрезентација има право да го смени државјанството. Фудбалската федерација на Хрватска се погрижи во иднина да ја претставува нивната репрезентација.
Како 20-годишник, Сучиќ се уште има право да игра за хрватската репрезентација до 21 година, но најверојатно наскоро ќе добие повик од Златко Далиќ. Професионалната кариера ја започна во редовите на Зрињски од каде Динамо го купи во 2022 година за 200 илјади евра.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

