„Хрватска игра како да е клуб – нема многу такви репрезентации во светот“

Селекторот на Португалија, Роберто Мартинез вели дека репрезентативците на Хрватска се неверојатно синхронизирани на терени, играјќи како да се дел од клуб во кој тренираат секојдневно заедно а не како да се на собир само десеттина дена.

Португалија загуби од Хрватска со 1-2 на пријателскиот натпревар пред ЕВРО 2024, по што Мартинез не штедеше пофални зборови за противникот.

„Играта на Хрватска беше за нас многу тешка, и од технички и од тактички аспект. Ни беше тешко да парираме, затоа што тие играат како да се клуб, синхронизирано и складно. Нема многу такви репрезентации“ – вели Мартинез.

Тој дополнува дека Хрватите се подобро синхронизирани и од играчите во најдобрите светски клубови кои секојдневно тренираат заедно.

„Во меѓународниот фудбал тоа не е баш вообичаено. Тоа е противник од кој може да научите и со кој може да напредувате“ – дополнува Мартинез.

Португалија на ЕВРО 2024 ќе отвори против Чешка на 18. јуни во Лајпциг.

Се вчитува...