Хрватска има нов „владетел“ во НБА – Богдановиќ го престигна Кукоч

Бојан Богдановиќ продолжува со неверојатните настапи во дресот на Деторит во НБА лигата. Хрватскиот интернационалец на натпреварот против Торонто забележа 33 поени со што седми пат оваа сезона ја надмина границата од 30 или повеќе постигнати поени, а со тоа и рекордот по бројот на поени постигнати од хрватски кошаркари во најсилното првенство.

Богдановиќ сега има 10.879 постигнати поени што е за пет повеќе од рекордот кој го држеше Тони Кукоч од вкупно 10.874 поени во својата богата НБА кариера проследена со три шампионски прстени.

Се вчитува...