Хрватска ја декласираше Малта, Португалија и Србија во директен дуел ќе одлучуваат за патникот на СП

Хрватска остана во игра за првата позиција во групата „Х“ откако славеше со преубедливи 1-7 на гостувањето во Малта. Голеадата ја започна Перишиќ во 6. минута, а Чалета-Цар донесе двојна предност во 22. минута. Откако Брозовиќ постигна автогол во 31. минута до полувремето Хрватска стигна до уште два гола на Пашалиќ и Модриќ.

Голеадата на „коцкестите“ продолжи и во второто полувреме. Мајер во 47. минута донесе предност од 1-5, шест минути подоцна стрелаше и Крамариќ, а конечните 1-7 ги постави Мајер во 64. минута.

Од оваа група Словачка и Словенија ремизираа со 2-2. Словенците поведоа преку Зјац во 18. минута, а изедначување за Словаците донесе Дуда во 58. минута. Словенците повторно поведоа во 62. минута преку Мевља, а бод на Словаците им донесе Стрелец во 74. минута.

Standings provided by SofaScore LiveScore

Шпанија го искористи киксот на Шведска и се искачи на врвот на табелата „Б“ откако славеше на гостувањето против Грција со 0-1. Херјот на Шпанците беше Сарабиа кој беше сигурен од белата точка во 26. минута од натпреварот.

Standings provided by SofaScore LiveScore

Португалија испушти шанса да стекне предност во однос на Србија во групата „А“ откако на гостувањето во Ирска ремизираше без голови. Одлуката за оној кој прв ќе заврши во групата и ќе изброи директен плсман во на СП во Катар ќе добиеме по дуелот помеѓу Португалија и Србија за три дена.

Standings provided by SofaScore LiveScore

Се вчитува...