Хрватска ја изненади и Унгарија, ќе следи спектакуларно финале со Србија

Во големото финале на ватерполо-турнирот на ОИ во Париз ќе се сретнат вечните ривали Србија и Хрватска, откако двете поранешни екс-ју селекции успеаја да триумфираат на денешните полуфинални пресметки.

Србите полесно од очекувањата ги декласираа Американците со 10-6, а многу понеизвесно беше во вечерашниот втор полуфинален дуел во кој Хрвтска по голема борба беше подобра од Унгарија со 9-8. Унгарците одлично отворија и поведоа со 3-1 по само три минути игра, но како што одминуваше времето така и нивните проблеми во нападот беа се поголеми, исто како што тоа беше случај со Шпанија во четвртфиналната пресметка со Хрватите.

На одмор се замина со водство на „коцкестите“ од 7-5, а во третата четвртина блесна голманот Бијач, кој одбрани и два петерци на унгарските ватерполисти. Во последната четвртина се влезе со водство на Хрватска од 9-7, оваа селекција не успеа да постигне ниту еден гол, но благодарение на извонредната одбрана на крајот славеа со минимални 9-8, за огромна радост по овој фантастичен успех.

Се вчитува...