Хрватска ја реши Словенија – полуфиналето е на дофат

Хрватска направи огромен чекор кон полуфиналето на ЕП 2026 откако по голема битка славеше во соседското дерби со Хрватска со резултат 29-25. „Коцкестите“ одиграа одличен меч во дефанзива, го неутрализираа нападот на противникот што функционираше беспрекорно цело првенство и апсолутно заслужено стигнаа до побеедата.

Хрватите почнаа одлично, отворија со 2-0 и со 5-1 и го контролираа резултатот во текот на целото прво полувреме. Разликата до крајот на полувремето се движеше меѓу два и четири гола, на одмор да се замине со 14-11 за хрватскиот состав. Потоа следеше водство од 18-14, Словенија одговори со четири гола во низа  за 18-18,  но веднаш потоа и промена на голманите, со што Кузмановиќ застана на голот на Хрватска на местото на Мандиќ.

Одбраната на „коцкестите“ повторно доби на цврстина, Хрватите повторно се одлепија резултатски и го исконтролираа резултатот до самиот крај, за победа од 29-25 со која сега се господари на сопствената судбина, па со триумф над Унгарија во последното коло сигурно ќе се најдат во полуфиналето.

Лучин со седум и Мандиќ со шест погодоци беа најефикасни во победничкиот табор, додека прв стрелец на Словенија при овој пораз беше Макуц со шест погодоци.

Standings provided by Sofascore

Се вчитува...