Ракометната репрезентација на Хрватска со триумф над домаќиноте Германија од 24-30 во натпревар без резултатско значење го заврши настапот на Европското првенство 2024 година.
Откако своите мечеви претходно денеска ги загубија и Австрија и Унгарија, Германија веќе беше сигурна во полуфиналето, па овој меч повеќе беше ревијален отколку натпреварувачки.
По првото полувреме домаќините имаа позитива од еден гол 15-14, а клучната разлика Хрватите ја направија во втората половина на второто полувреме кога го урнаа отпорот на Германците и стигнаа до конечен триумф од 24-30. Доминик Кузмановиќ со 22 одбрани беше неверојатен на голот на Хрватите, додека најпрецизен беше Игор Караќиќ со шест гола. Кај поразените по четири гола постигнаа Гола и Хејман.
Германија во полфуиналето во сабота ќе игра против Данска, додека вториот полуфинален дуел го сочинуваат Франција и Шведска.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА