Хрватска ја совлада Србија со 14-12 во големото ватерполо дерби на Летните олимписки игри во Токио.
Хрватска фуриозно го отвори мечот и многу брзо поведе со 5-1. Србите успеаја некако да се стабилизираат и веќе на стартот на втората четвртина да дојдат до минус еден (5-4). Во продолжение и двете репрезентации заиграа далеку поцврсто во одбраната.
Хрватска се одлепи повторно на плус три 7-4, по што следеше серија на Србија и на три минути до крајот на третиот период за првпат успеа да израмни (8-8). Следеа два нови гола на Хрватите кои по три четвртини заминаа со предност од 10-8.
На стартот на четвртата четвртина следеа два брзи гола со кои Хрватите се одлепија на плус четири 12-8 и ги решија дилемите околу победникот на натпреварот. До крајот Србија само успеа да го намали поразот на 14-12.
Во останатите мечеви од денешната понуда Црна Гора – Казахстан 19-12, Шпанија – Австралија 16-5 и Унгарија – САД 11-8.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА