Златко Далиќ успеа да ја одведе Хрватска на уште едно големо натпреварување, но селекторот на „коцкестите“ потоа најави и дека е подготвен за напуштање на кормилото на националниот тим по завршувањето на ЕВРО 2024.
Овој стручњак ја одведе Хрватска до едно мундијалско финале и уште едно полуфинале на СП, но во последните месеци беше жестоко критикуван од јавноста по слабите игри и поразите од Велс и од Турција. Хрватска на крајот обезбеди пласман на ЕП, но Далиќ делува решено штом заврши европскиот шампионат да си бара друга работа.
„Мојата улога на селектор нема цена, јас 100% ќе ја водам Хрватска на ЕП во Германија и ќе сторам се за да направиме резултат што е достоен за нашата репрезентација. Што ќе биде после тоа, не можам да кажам… Искрено, претрпев многу работи целиот овој период, можеби е време за некој помлад да ја преземе улогата. Слушав најразлични критики, сето тоа ме направи уште посилен, но сега сериозно размислувам и за поинакви предизвици. Одбив бројни понуди пред овие квалификации, се посветив на репрезентацијата и дадов се од себе“, изјави Далиќ.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА