Дејвис Куп репрезентацијата на Хрватска стигна на чекор до титулата во ова натпреварување откако уште по првиот ден поведе со 2-0 во финалето против Франција во Лил.
Во првиот меч, Борна Чориќ славеше победа против Жереми Шарди со 6:2, 7:5, 6:4, а потоа предноста на Хрватите на 2-0 ја зголеми Марин Чилиќ со триумфот против Жо-Вилфред Цонга со 6-3, 7-5, 6-4.
Доколку Хрватска биде поуспешна од Франција и во утрешниот меч во двојки, ќе ја освои втората Дејвис Куп титула во својата историја.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА