Хрватската фудбалска репрезентација се прости од ЕП во Германија со ремито против Италија (1-1) во последниот натпревар од групата Б, а една од главните прашања беше дали Златко Далиќ ќе остане на кормилото на репрезентацијата.
Селекторот ја презеде одговорноста на прес-конференцијата ден по мечот со Италија, но без оглед на овој неуспех, претседателот на ХНС Маријан Кустиќ во интервју за медиумите од оваа земја откри дека Далиќ се уште ја има поддршката од федерацијата.
„Далиќ е селектор и ќе остане селектор на хрватската фудбалска репрезентација. Разговаравме и се ракувавме. Останува, ексклузивно можам да откријам“, изјави Кустиќ.
За разлика од Хрватска која на последните две светски првенства токму под водство на Далиќ завршуваше на второто и третото место, Србите иако имаа можеби и подеднакви очекувања, доживеа вистински дебакл на последните големи натпреварувања, па веројатно цехот на сето тоа ќе го плати селекторот Драган Стојковиќ Пикси кој успеа за првпат по 2000 година да го одведе нашиот северен сосед на континентално натпреварување.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА