Ракометната репрезентација на Германија е првиот финалист на Европското првенство во Скандинавија откако вечерва во полуфиналето славеше над репрезентацијата на Хрватска со 31-28.
Хрватите поголемиот дел од првото полувреме го играа седум на шест, па сето тоа доведе за голем број погодоци по првите 30 минути игра во која за нијанса подобро се снајдоа Германците кај кои повторно Волф беше во првплан па на пауза заминаа со позитива од два гола 17-15.
Германците феноменално го отворија второто полувреме и веќе во 37. минута стигнаа до огромна предност од шест гола 22-16. Германците стигнаа и до плус седум на петнаесет минути до крајот 26-19. Хрватите иако успеаја да се вратат до крајот на мечот не успеаја да направат ништо повеќе од коректен пораз од 31-28. И повторно најголем виновник за победата на Германија беше Волф кој запиша 13 одбрани, додека најефикасен во нападот беше Лукас Зербе со шест гола. Кај поразените Тин Лучин исто така заврши со шест гола.
Во финалето Германија за противник го чека подобриот од второто полуфинале меѓу Данска и Исланд.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

