Хрватска приреди големо изненадување откако на стартот на ЕП 2024 ја понижи селекцијата на Шпанија со убедливи 39=29. Хрватите предводени од селекторот Перковац одиграа неверојатен меч во кој доминираа од почеток до крај. Овој меч ќе се памети и по историски катастрофалното издание на шпанските голмани Гонзало Перез де Варгас и Сергеј Хернандез, кои во текот на целиот натпревар не успеат да одбранат ниту еден удар на противничките ракометари.
„Коцкестите“ од самиот почеток тргнаа одлично, користејќи го фактот дека Шпанија го почна дуелот без Алекс Душебајев, експресно поведувајќи со 4-1. Рибера потоа го уфрли својот најдобар ракометар, но хрватската доминација продолжи, па шпанскиот кормилар беше принуден по само 12 минути игра веќе да земе два тајмаута. „Црвената фурија“ беше принудена да почне да игра „седум на шест во нападот“, но се беше попусто кога одбраната беше катастрофална, па на одмор се замина со резултат 18-14.
Победникот беше решен на самиот почеток од вториот дел, кога благодарение на цврстата одбрана Хрватска даде два гола во празна мрежа и отвори со серија од 4-0. Како што одминуваше времето така Хрватите продолжија да ја полнат мрежата на Шпанија, Рибера ги ротираше голманите, но попусто, Де Варгас и Хернандез беа тотално надвор од ритам, па „црвената фурија“ го заврши овој меч без ниту една единствена голманска интервенција.
Шоштариќ и Мартиновиќ со по осум гола беа најдобри поединци во таборот на Хрватска, додека најефикасен во шпанската селекција беше Гомез Абелјо со осум погодоци.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

