Селекторот на Хрватска, Жељко Бабиќ, неочекувано донесе одлука да го избрише од списокот првиот голман на репрезентацијата, Филип Ивиќ. Чуварот на мрежата кој има одлична сезона во Кјелце бранеше сосема солидно и за националниот тим на овој мундијал, а Бабиќ се реши за ваков чекор откако Ивиќ имаше само три одбрани на дербито од групната фаза со Германија.
Хрватските медиуми го посочуваат голманот како еден од најстандардните во таборот на „коцкестите“ во досегашниот дел од мундијал, не криејќи го изненадувањето од одлуката на селекторот.
На местото на Ивиќ е повикан Иван Пешиќ, кој заедно со Иван Стевановиќ ќе го составува голманскиот тандем на Хрватска во нокаут фазата. Хрватите вечерва го играат својот осминафинален меч со Египет, а во случај на победа во четвртфиналето ќе ги очекува пресметка со Шпанија.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА