Хрватска обезбеди директен пласман на Светското првенство следната година во Катар откако во одлучувачкиот натпревар од Групата Х славеше на „Пољуд“ во Сплит со 1-0 против директниот конкурент Русија.
Во „пеколна“ атмосфера на „Пољуд“ но под тешки услови за игра на дождливото време, Русите долго време оддолеваа на нападите на Хрватите кои комплетно доминираа на натпреварот. Во второто полувреме беше буквална опсада на голот на Русите, шанси се редеа но не реализираа Петковиќ, Брозовиќ, Перишиќ…, за да во 81. минута Русите сами се казнат со автоголот на Кудрашев.
До крајот се обидуваа Русите да израмнат, но неуспешно, па сега преку баражот ќе бараат можност за СП 2022.
На останатите натпревари во групата Словенија славеше против Кипар со 2-1, додека Словачка триумфираше убедливо со 0-6 на гостувањето против Малта.
РЕЗУЛТАТИ – ГРУПА Х
Хрватска – Русија 1-0
Малта – Словачка 0-6
Словенија – Кипар 2-0
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА