Наместо посакуваното злато на домашен терен, репрезентацијата на Хрватска предводена од Лино Червар, на крај мораше да се задовли само со 5.место на Европското првенство на кое се домаќини. Во последниот натпревар за пласман, Хрватите ја победија Чешка со 28-27 , но натпреварот го одиграа пред речиси празни трибини во загрепска „Арена“. За репрезентацијата на Хрватска ова е најлош пласман по седум последователни настапи во полуфиналните натпревари на европските превенства.
Поразот од Франција во последниот натпревар од главната фаза на ЕП, кој ја елиминира Хрватска од борбата за медал, во хрватската јавност беше примен со големо разочарување, па за денешниот меч против Чешка за утешно 5.место, само мал дел од домашната публика се појави на трибините како поодршка за „коцкестите“.
Хрватска на дуелот со Чешка настапи без Игор Вори кој најави крај на репрезентативната кариера, а Лино Червар за последниот натпревар на ова ЕП, во составот го врати левиот бек на Металург, Халил Јагањац. Домаќините во текот на целиот натпревар беа во позитива. На полувремето Хрватска замина со водство од 16-10.
Чесите кои се едно од најпријатните изненадувања на ова ЕП, не се предаваа ни во овој дуел. На десет минути пред крај ја намалија негативата на три гола (24-21), а во последните две минути влегоа со -1 (27-26) и внесоа неизвесност во финишот. Хорват спаси ситуација за домаќините погодувајќи од седмерец. Котрц повторно ја врати Чешка во игра, но Чесите не успеаја да го искроистат последниот напад за изедначување и да се изборат за прдолженија и на крај Хрватска славеше минимална победа со конечните 28-27.
Најдобриот чешки ракометар, Ондреј Здрахала го заврши натпреварот со фантастични 13 погодоци, а кај Хгрватска најефикасен беше Златко Хорват со 10 гола, но наградата за играч на натпреварот му припадна на голманот Иван Стевановиќ кој заврши со 13 одбрани.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА