Хрватска ја комплетира полуфиналната четворка на 25.Светско првенство во Франција. Во четвртфиналниот дуел во Монпелје, Хрватите славеа против Шпанија со 30-29 . Во полуфиналето, Хрватска ќе игра против Норвешка која во денешното прво четвртфинале беше поуспешна од Унгарија (31-28).
Уште во средината на првуиот дел Хрватска ја презеде инциијативата и во поголемиот дел одржуваше предност со 1-2 гола. На полувремето Хрватите имаа предност од 17-15. Офанзивата на „коцкестите“ продолжи и на стартот на второто полувреме кога направија серија од 4-0 и по пет минути игра се одлепија на 21-16. Шпанците делуваа немоќно и споро во нападот, тешко успеваа да поминат покрај одбраната на Хрватска. Но, кога на другите не им одеше, му тргна на Алекс Душебаев. Бекот на Вардар постигна два гола во серија, а Анхел Фернандез намали на 24-25. На шест минути пред крај Душебаев го постигна петтиот погодок за ново изнедначување на 28-28. Но, Хрватите сепак, беа посигурни во финишот успеаја да се одбранат и со минимална победа стигнаа до мундијалското полуфинале.
Марко Мамиќ со девет гола од кои осум постигнати во првиот дел беше лидер во нападот на Хрватска, а во решавачките моменти одлично се снајде и вардарецот Лука Циндриќ кој на крај заврши со пет гола. Кај Шпанија, Анхел Фернандез постигна седум, а Алекс Душебаев заврши со пет гола.
Завршните натпревари на СП во Франција ќе се играат во Париз. Утре на првенството е слободен ден, на 26 јануари е првото полуфинале Франција-Словенија, а на 27 јануари ќе играат Норвешка и Хрватска.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА