Хрватска со нова квалификациска победа направи уште еден чекор напред кон билет за ЕП 2024 откако „коцкестите“ вечерва лесно и убедливо ја декласираа Летонија со 5-0. Бруно Петковиќ со еврогол од слободен удар ја отвори ревијата погодоци на оваа средба, Иванушец стрелаше прецизно за 2-0, а на 3-0 уште во првото полувреме зголеми Петковиќ со својот втор гол на мечот. Доминацијата на Хрватите продолжи и во вториот дел, во кој Модриќ ја затресе гредата, но затоа топката во мрежата успеаја да ја сместат Крамариќ и Пашалиќ.
Португалија стигна до три бода во Братислава славејќи со 0-1 над селекцијата на Словачка. Бруно Фернандеш беше стрелец на единствениот погодок по одличниот соло-продор, а Роналдо немаше свој ден за да постигне уште некој погодок во својата репрезентативна кариера.
Големо изненадување приредија фудбалерите на Ерменија, кои како гости ремизираа против Турција (1-1). Дашијан беше стрелец на водечкиот гол во 49. минута, но најдобар поединец на мечот беше ерманскиот голман Чанчаревиќ, кој имаше неколку одлични интервенции. Турците сепак стигнаа до бод преку Килдирим во 88. минута, но немаа сили за целосен пресврт на овој меч на кој важеа за големи фаворити.
БиХ славеше со 2-1 над Луксембург, меч во кој погодоците за Босанците беа дело на Џеко и на Лухингер (автогол) во првото полувреме.
Шкотска е се поблиску до виза за ЕП по победата од 0-3 на гостувањето против Кипар, осигурана уште во првото полувреме во кое меѓу стрелците се запишаа Мектоминеј, Портеус и Мекгин.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

