Хрватска се врати, Албанија во шок: Два гола за три минути и голем пресврт во Хамбург

Хрватска за само три минути успеа да направи целосен резултатски пресврт и да поведе на дуелот во Хамбург против селекцијата на Албанија, откако по првото полувреме коцкестите имаа негатива од 0-1.

За разлика од првото полувреме во кое долго време беа безидејни, Хрватите во вториот дел делуваа многу поконкретно во завршниците од акциите, па набрзина стигнаа и до огромен пресврт.

Андреј Крамариќ беше стрелец на израмнувачкиот погодок, откако искусниот напаѓач се најде на вистинско место во вистинско време и погоди за 1-1, за огромна радост на хрватските фанови во Хамбург.

Една минута подоцна Пашалиќ не реализираше зицер, но веднаш потоа Хрватска успеа да стигне и до втор гол, Будимир одлично се снајде и уфрли кон петерецот, каде шутираше Сучиќ, топката го закачи Ѓасула и заврши во мрежата на Албанија.

Се вчитува...