Хрватска слави и тениски медал: Дона Векиќ во финале!

Хрватска слави уште еден медал на Летните Олимписки Игри во Париз, овој пат во тенисот, откако Дона Векиќ се пласира во финалето на турнирот во поединечна конкуренција.

Векиќ, која е вистинска сензација на турнирот, ја победи во полуфиналето Ана Каролина Шмиедлова од Словачка со 6-4 и 6-0 и дојде до финалната пресметка во која ќе се бори и за злато.

Во мечот за златен медал ќе игра против кинеската тенисерка Кинвен Женг која претходно ја елиминираше најдобрата светска тенисерка Ига Швјонтек.

Се вчитува...