Хрватска со „минималец“ од Торшавн, Швајцарија, Италија и Грција убедливи, Франција ја победи Украина (ВИДЕО)

Вечерва на терените низ Европа се одиграа неколку интересни натпревари во квалификациите за Светското првенство, и беа постигнати сосема очекувани резултати, односно немаше изненадувања како што беше случај вчера со мечот Словачка – Германија, во кој Словаците ја однесоа победата.

Хрватска со голот на Крамариќ во 31. минута со минимална победа се врати од гостувањето кај Фарски Острови во Торшавн. Чешка со 0-2 ја совлада селекцијата на Црна Гора во Подгорица.

Италија дури во вториот дел ја „отвори“ Естонија, и на крајот славеше со 5-0. Швајцарија немаше проблеми во дуелот против Косово, и победи со 4-0. Сите четири гола Швајцарците ги постигнаа во првото полувреме. Селекцијаа на Грција со 5-1 ја победи Белорусија.

Данска и Шкотска го одиграа единствениот меч без голови, како што и се очекуваше. Најинтересно и најнеизвесно беше во Љубљана. Словенија иако двапати губеше од Шведска, сепак, на крајот се избори за бод.

Франција со головите на Олисе и на Мбапе, ја победи Украина во Вроцлав со 0-2.

Standings provided by Sofascore

Standings provided by Sofascore

Standings provided by Sofascore

Standings provided by Sofascore

Standings provided by Sofascore

Се вчитува...