Хрватска со помош на ВАР ја совлада Шкотска, Бугарија не може ниту против Лукемсбург (ВИДЕО)

Хрватската репрезентација дојде до втората победа во Лигата на Нации, откако вечерва на „Максимир“ потешко од очекувањата ја совлада селекцијата на Шкотска со 2-1. Шкотланѓаните во судиското надополнување постигнаа и гол, меѓутоа ВАР им го поништи поради офсајд, па така на крајот Хрватска стигна до трите бода.

„Коцкастите“ мораа да прават пресврт, откако Кристи со помош на Чалета-Цар во 33. минута го совлада Ливаковиќ и донесе предност за гостите. Матановиќ само три минути подоцна успеа да израмни.

Крамариќ постигна гол во 70. минута со глава. Адамс во 95 минута ја затресе мрежата на Хрватите, а потоа се огласи ВАР, па судијата Ковач го поништи голот.

Бугарија во Пловдив ја дочека селекцијата на Луксембург. Иако важеше за фаворит, сепак, Бугарија не успеа да дојде до победа, и играше само 0-0.

Се вчитува...