Хрватска со пресврт славеше со 2-1 против Сенегал во „генералката“ пред настапот на Светското првенство во Русија.
По очајни први 60 минути игра на дуелот во Осијек кој се играше пред 16.000 навивачи, „коцкестите“ се созедоа во финишот од мечот по влегувањето на Крамариќ па успеаја да стигнат до триумф како мотив повеќе за настапите на Мундијалот.
Сенегалците дојдоа до предност со голот на Сар во 48. минута. Перишиќ успеа да израмни во 63. минута, а Крамариќ со погодокот во 78. минута донесе посакуван триумф.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА