Хрватска со соопштение за инцидентот во Атина: Зубац и Шариќ беа нападнати!

Хрватската кошаркарска федерација објави соопштение за инцидентот што се случи во Грција.

Имено, хрватските репрезентативци, односно Дарио Шариќ и Ивица Зубац учествувале во инцидентот кој се случил во ноќен клуб во Атина.

„Како одговор на бројните барања од медиумите во врска со фотографиите кои кружат на социјалните мрежи и порталите, Хрватскиот кошаркарски сојуз одлучи да реагира вака: По финалниот натпревар на олимпискиот квалификациски турнир во Грција и заедничката вечера, селекторот им се заблагодари на играчите за уште една добро сработена акција и ја распушти репрезентацијата, со оглед на тоа што немаше заедничко враќање во Загреб, туку на неколку дестинации според потребите на играчите. По неколку недели тешки подготовки и натпревари, играчите решија да имаат заеднички проштален собир пред да се вратат во своите домови или клубови. За време на дружењето во еден од клубовите во Атина, дел од нашите играчи беа нападнати прво вербално, а потоа и физички, поради што се бранеа. Тоа беше краткотраен инцидент кој беше прекинат со интервенција на клупските стјуарди“, се вели во соопштението федерацијата на Хрватска. 

Се вчитува...