Хрватската тенисерка Маријана Дражиќ незадоволна од својот статус во Хрватска, би можела да заигра под знамето на Србија. Моментално 811. тенисерка во светот, не е во плановите на селекторката на Фед куп репрезентацијата на Хрватска, Ива Мајоли.
„Селекторката Ива Мајоли еднаш повика тенисерка која нема ни ранкинг. Имаше шанса мене да ме повика, али не се реши за такво нешто. Затоа додека е таа тука за мене очигледно нема место. Би сакала да добиев одговор од нејзе. На пораката што и ја испратив не добив никаков одговор. Ако мисли дека некој друг е подобар може да ми одговори. Само толку барам. Играв седум години во Германија, но не сакав да земам државјанство. Дури и во Србија сите трошоци се покриени“, изјави Дражиќ.
View this post on Instagram
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА