Фудбалската репрезентација на Шпанија со победа од 3-0 над Хрватска го отвори настапот во групата Б на Европското првенство кое што се игра во Германија. Првите 25 минути не донесоа никакво возбудување на теренот, а единствена за одбележување беше полушансата на Алваро Мората во 7. минута биеше кон голот на Ливаковиќ, но хрватскиот чувар на мрежата го спречи неговиот удар.
Alvaro Morata the captain scored for Spain!
Spain 1-0 Croatia #Euro2024 | #ESPCRO
— Fernansh Era (@BrunoFernanshh) June 15, 2024
Хрватите веднаш потоа одлучија да возвратат. Ковачиќ имаше убава шанса, но не биеше најпрецизно па резултатот на семафото остана 1-0. По промашувањето на Хрватска, Шпанија успеа да зголеми и на 2-0 со голот на Фабијна Руиз во 32. минута. Следеше, нова шанса за Хрватите, но Унаи Симон успеа да го спречи ударот на Марцело Брозовиќ.
Fabian Ruiz, take a bow son 🤯
— Out of Context Football Manager (@nocontextfm1) June 15, 2024
Хрватите имаа нова шанса преку Јошко Гвардиол, па стигна нова казна со погодокот на Карвахал за 3-0 во последните моменти на првото полувреме. Во вториот дел Хрватите само продолжија да се посрамотуваат.
На стартот на второто полувреме, односно во 55. минута „коцкестите“ успеаја да го промашат и невозможното.
Meanwhile Spain 3-0 up and.. pic.twitter.com/UNhOI6F5wl https://t.co/52mvVNW8hC
— Stop That CFC (@StopThatCFC) June 15, 2024
Следеше нов тежок блам, овој пат во режија на Бруно Петковиќ. Петковиќ требаше само на празна мрежа да постигне гол за 3-1, но некако се сплетка па доби пенал, а Родри кој го фаулираше заработи само жолт картон. На повторената снимка се гледа дека Петковиќ се сопна самиот, но Оливер некако најде соломонско решение па досуди пенал и жолт картон.
И токму човекот што се посрамоти за сите пари ја презеде одговорноста, па успеа да го промаши и пеналот. Некако топката дојде до него и конечно ја затресе мрежата, но поради офсајд беше поништен па остана 3-0.
Croatia penalty shout against Spain 78′
byu/etclassico insoccer
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА