Хрватската ватерполо репрезентација спречи голема сензација и успеа во трилер натпревар да слави над Русија и да обезбеди виза за Летните олимписки игри во Токио. По 32. минути игра натпреварот заврши нерешено 11-11, по што следеа дури 15 пенал серии.
Во 15 серии имаше само две промашувања. Прво меч топка имаше Русија по промашувањето на Фатовиќ во четвртата серија, но и Русинот Шепелов возврати на ист начин. Клучна беше петнаесеттата серија кога голманот на „баракудите“ Бијаќ не му одбрани на Шепелов, а во следниот удар Врлиќ ја одведе Хрватска во Токио.
Таму им се придружија на Црна Гора и Грција кои уште вчера обезбедија виза меѓу 12 најдобри репрезентации.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА