Хрватска во паника: Далиќ не размислува за нов договор

Хрватскиот фудбалски сојуз му понуди на селекторот Златко Далиќ нов договор и да остане на чело на хрватската фудбалска репрезентација до ЕВРО 2028 година, но селекторот на „коцкастите“ на прва донесе одлука каква што многумина сите очекуваа.

Како што пишуваат „Спортске новости“, Далиќ во моментов не размислува за нов договор, туку само за подготовките на репрезентацијата за Мундијалот во 2026 година.

Далиќ нагласи дека за него продолжување на договорот е само формалност, и дека сака фокусот да го стави на идното Светско првенство. Истакна дека преговорите за нов договор ќе почекаат барем до пролет, но не гледа пречки да се постигне нова соработка.

Далиќ е на клупата на Хрватска од 2017 година, а под негова палка Хрватска ги запиша најголемите успеси во историјата, односно играше во финалето на Светското првенство 2018 година во Русија, и во Катар го освоија бронзениот медал.

Се вчитува...