Фудбалската репрезентација на Хрватска го освои третото место на Светското првенство во Катар откако во малото финале славеше над Мароко со 2-1.
Хрватите по кој знае кој пат покажаа дека и тоа како се фудбалска нација кога се работи за ова поднобје. Интересно е тоа што тие во 24 години успеаја да освојат дури три медали, двете бронзи од ова СП и тоа во 1998 година, како и среброто на минатото во Русија.
Интересно е тоа што сите останати земји од поранешните југословенски простори немаат ниту една победа во нокаут фазата. Единствена која стигна до оваа фаза беше ФР Југославија во 1998 година кога во осминафиналето беше поразена од Холандија. Како Србија и Црна Гора оваа земја се пласираше на СП 2006, но беше елиминирана уште во групната фаза, а шампионатот го заврши на последното 32. место. Србија има уште три настапи на Светските првенства (2010, 2018 и 2022), но сите ги заврши уште во групите.
Словенија има две во 2002 и 2010, Босна и Херцеговина едно 2014, додека Македонија, Црна Гора и Косово немаат ниту еден настап на Светските првенства.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА