ХРВАТСКА ВО ТРАНС: „Големата“ Франција на колена, „коцкестите“ во финале на Мундијалот!

Извонредно полуфинале на Светското првенство 2025 по кое Хрватска е првиот финалист откако во повеќе од драматичен натпревар триумфираше против Франција со 31-28.

Во „атомски ракомет“ и неверојатна атмосфера во Арената во Загреб, Хрватите на крилјата на своите навивачи одиграа феноменално прво полувреме кое го пресуди победникот. Хрватска по првиот дел имаше предност од 18-11. Играа како во транс, по 20 минути игра во првиот дел имаа и предност од +9 гола од 8-17, што апсолутно беше изненадувачки ако се знае дека Французите, заедно со Данска, важеа и за главни фаворити за освојување на светската шампионска титула.

Но, „коцкестите“ беа феноменални па и покрај тоа што Франција во второто полувреме успеа да ја намали разликата, а на четири минути пред крајот дојде и до минус од само три гола (27-24), сепак не успеаја да дојдат до целосен пресврт, на крај за триумф од 31-28.

Се вчитува...