Репрезентативците на Хрватска триумфираа на штафетниот триатлон кој денеска го затвори Балканското првнество и Европски куп кои се одржуваа во Охрид. Хрватската четворка имаше најдобар резултат, а подиумот го пополнија уште и двата тима на Турција кои ги освоија среброто и бронзата.
Во штафетното натпреварување имаше и македонски тим. Триатлон штафетата е нова олимписка дисциплина и од следните Игри во Токио ќе биде во официјалната конкуренција.
На завршниот ден се одржаа и натпреварувањата кај рекреативците кои беа поделени во неколку возрасни категории.
Вчера во главното натпреварување, елитната конкуренција, најуспешни беа српските триатлонци. Вида Медиќ и Огњен Стојановиќ ги освоија титулите.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА