Хрватски бомбардер ќе го менува Душебајев во Киелце

Киелце веќе најави сериозен играчки ремонт што почна летово, а ќе заврши во 2026 година кога клубот ќе го напуштат двајца синови на тренерот Талант Душебајев, Дани и Алекс.

Алекс со години е еден од лидерите на полскиот ракометен гигант, но управата на Киелце успеа да договори достоен заменик откако денеска потпиша договор со Лука Ловре Кларица. Хрватскиот репрезентативец има 23 години и настапува за тимот на Загреб во ЛШ, од каде следното лето ќе му се приклучи на Киелце.

„Тој е еден од најталентираните хрватски играчи, кои на 23 години има неверојатно искуство на меѓународно ниво. Завршивме одлична работа со потписот на Кларица“, изјви спортскиот директор на Киелце, Михал Јурецки.

„Имам многу високо мислење за Кларица, кој со својот физички изглед и подготвеност ќе ни биде од помош не само во нападот, туку и во одбраната“, додаде тренерот Талант Душебајев.

Се вчитува...