Хрватски голгетер се сели во Бенфика за 25 милиони евра

Бенфика е на добар пат да осигура важен потпис откако португалскиот гигант влезе во завршна фаза од преговорите за Фрањо Ивановиќ, извонредниот хрватски голгетер кој имаше одлична сезона во белгискиот првак Унион Сент Жилоа.

Ивановиќ дојде како талентиран напаѓач, но никој не очекуваше таква „експлозија“, па токму младиот Хрват беше меѓу најзаслужните што Унион по 90 години стигна до титулата во белгиското првенство, постигнувајќи 16 гола и пет асистенции. Јасно беше дека белгискиот тим тешко ќе може да го задржи, летово пристигнаа бројни понуди за Фрањо, кој на крајот сепак ќе заврши во Бенфика.

Португалскиот гигант се согласил да плати 20 милиони евра загарантирана сума, дополнителни пет милиони евра преку лесно остварливи клаузули, но и процент од наредниот трансфер на Хрватот.

Преговорите се во завршна фаза, а најавено е дека Ивановиќ речиси сигурно нема да настапи викендов за Унион, се со цел да не се ризикува повреда што би го блокирала трансферот.

Бенфика е во потрага по нови голгетери откако Кабрал замина за Ботафого, а Тенгштед беше продаден во Феенорд, а се очекува покрај Ивановиќ во тимот да се врати и португалскиот репрезентативец Жоао Феликс, за кого веќе десетина дена се водат преговори со Челси.

Се вчитува...